Свадбените церемонии се во полн ек, а некои од јавни личности на почетокот на годината запливаа во брачните води, а некои се закажни за следниот период.
Вчера, некогашната „Ѕвезда на Гранд“ и младиот пејач, Стеван Анѓелковиќ се ожени со неговата повеќе годишна девојка Наташа. Стеван и Наташа живеа заедно подолго време, а вчера го кажаа судбоносното „да“.
Свадбата се одржа во црквата СВ. Димитриј во Белград, а на неа присувстуваа јавни личности меѓу кои и македонската поп дива Калиопи.
Во кратките приказни на „Инстаграм“, Калиопи објави фотографии од младожениците. Невестата беше облечена во бел фустан со широк долен ден, а младоженецот во елегантно одело.
За оваа прилика, Калиопи се одлучи за црн фустан и црни високи потпетици, а токму Опи е препознатлива и по црните модни комбинации. Нејзините фанови и следебемици и дадоа само позитивни коментари.
фото: Принтскрин/инстаграм