Водителката Елена Стефановска, во јавноста позната како „Елена-Живот со стил“ поради истоимената емисија која ја води веќе 12 години, викендов, 9-ти јули 2022 г. направи гламурозна свадба за паметење во скопскиот хотел „Double Tree by Hilton.“
Пред најблиските пријатели, роднини и соработници го склучи граѓанскиот брак со нејзиниот избраник и нејзина најголема љубов – Бојан Најдоски.
Водителката се пресоблекла два пати. Во првиот дел од прославата носела романтична, светкава и раскошна бела венчаница со корсет и тул кој се влече по земја, од брендот „Mila nova“.
Косата и беше собрана во бујно опавче, а целосниот стајлинг беше заокружен со круна и вел на главата кој исто така паѓаше до подот.
Во вториот забавен дел таа носеше мини бела венчаница украсена со пердуви доле на работ, горе пресечена на едниот ракав, целосно прекриена со светкава мрежа која слободно паѓаше.
Првиот свадбен танц го одиграа по италијански ноти во изведба на Павле Камиловски, а потоа присутните ги забавуваше популарната српска фолк ѕвезда, пејачот Никола Роквиќ.
Невстинската торта на три ката, а невестата стручно „ и ја зема мерката“ и го пресече првото парче.
Инаку Елена на Бојан му го кажа судбоносното ДА уште за нова година, кога тој ја побара нејзината рака, додека за новогодишните празници беа во Москва, Русија.
Моминската вечер пак Елена ја правеше на егзортично место заедно со своите другарки на плажа во Грција.
View this post on Instagram
Како и да е, животот со стил на Елена Стефановска и официјално стана брачен. Нека и е со среќа!
Фото: Инстаграм принтскрин/elena_zivotsostil