Наследничката на Мира Шкориќ, Милица Јеремиќ, викендов го кажа судбоносното „да“ во луксузен ресторан во Белград, а атмосферата на лице место беше вжештена.
Зорица Брунцлик правеше хаос изведувајќи ги нејзините хитови, додека гостите ја опкружуваа од сите страни.
Мира Шкориќ цело време ги гушкаше гостите и пееше со нив, а сите очигледно, одлично се забавуваа.
Невестата, инаку, блескаше во венчаница со светки, додека младоженецот облече црно-бел костум, а Милица не ја симна насмевката од лицето.
Кога пристигнала во ресторанот, татко ѝ Васа Јеремиќ веднаш ја дочекал во класичен костум, додека Мира била во долга црвена креација со ракави.
фото:Инстаграм