Запросување, веридба и коинечно свадба! Како што најави, така и направи, па македонската ријалити ѕвезда, инфлуернсерка и топ модел Елеонора Миљковиќ последната недела од месец октомври 2022 год. се омажи за своето долгогодишно момче Чедо Кочовски.
Свадбата гала и повеќе од гламурозна, а невестата со сиот свој телесен раскош блескаше во сиот свој сјај во отмена долга венчаница целата обложена со кристали, со отворено деколте каде доминираше бујната „ремонтирана“ предница на невестата, која на главата носеше „кралска“ круна, а во рацете бидермаер од бели рози!
Возбудата огромна уште во нејзиниот дом, кога Елеонора со нетрпение чекаше да дојдат сватовите по неа…Со сите адети и обичаи, гледајќи го зетот низ прозорец, низ бурмата и сито.
А по Нора како што е редот, дојдоа со музика… Со звукот на зурлите и екот на тапанот, првото свадбено оро сватовите и невестата го завртеа уште во нејзиниот семеен двор.
Невестата уште во старт весела и разиграна, главна во создавањето на свадбениот штимунг и атмосфера.
По кусата домашна веселба, уште едно оро пред портата на улица за „полни очи и уши“ на комшиите…
…Па потоа младите заедно со свадбената поворка тргнаа на венчавка.
Најпрвин заклетвата на вечна љубов пред Бога, во еден скопски православен храм, каде младите ја обавија церемонијата на духовната венчавка и заклетва на верност.
Потоа правец на реприза на чинот, само овој пат малку поинаков…
Оној вообичаениот при склучувањето на граѓански брак со потпис и заверка на брачните права и обврски.
Откако се заколна еден на друг на верност пред Бога и си ги заверија обврските правата пред државата, свадбената веселба можеше да почне… Или поточно да продолжи.
А почетокот како и секогаш со првиот свдбен танц, за кој младоженецот и невестата одбрале специјална песна и подготвиле специјална кореографија. неговите бакнеѓжи на нејзините бели образи, а таа во неговите љубовни, а отсега и брачни прегратки.
Свадбената веселба со сите адети и тертипи, со ора и чочеци, а меѓу сите домашни и гости младоженците највесели и најрасположени. Особено во веселбата предничела невестата која постојано играла, се кршела, се радувала и веселела…
Па дури во еден момент го земала микрофонот и запејала со музиката…
За потоа качена на столче, а зетот на тапанот, обајцата ја довеле до кулминација атмосферата кога писнале зурлите и затропал тапанџијата.
Ниту на ората и чочеците, ниту на песните од српскиот турбо-фолк невестата и зетот не останале имуни, зашто како што вели една од песните: „Ваква убавина од жена, родена само за него Бог само еднаш ти праќа, па без неа на зетот, дома не му се враќа“…!
Кулминација на веселбата се двата познати свадбени чина: фрлањето на бидермаерот на невестата и сечењето на невестинската торта.
Првиот обавен успешно уште од прва! Нора на 1-2 и 3… го фрли невестинскиот букет, а онаа, која имаше најмногу среќе да го фати, догодина ќе се мажи! Барем така налага обичајот!
Невестонската торта пак, спектакуларна. Поголема веројатно немате видено на една свадба. Голема како „Ајфелова кула“, на 6-7 ката, со гиганстки димензии.
Може да има по едно парче за публиката во една спортска арена, а не пак за сватовите на свадбата.
На ваквото „слаткарско здание“ мора да му се обрне посебно внимание, но не е возможно да се сече со нож, не барем невестата, па затоа Нора и зетот први ја пробаа невестинската торта со лажиче. За да им биде сладок брачниот живот и за да се надополнуваат во него еден со друг, така и го каснаа првото залче. Взаемно, таа него, тој неа со лажичето полно со торта во уста!
За да се ќердосаат младите на кои и нашата редакција им посакува среќен брак и многудетно семејство!
Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__