Јана – мома „рипна во тавче“. македонската актерка го кажа судбоносното да викендов, кога во саботата во Белград се омажи за нејзиото момче, кошаркарот на МЗТ Скопје, Андрија Бојиќ. Тие својата љубов ја крунисаа со брак, па така Јана пред да стане мама, (зашто веќе е во петтиот месец од бременоста), стана госпоѓа!
Свечената церемонија се одржала во хотелот „Југославија“ во Белград. Јана променета во едноставен но деколтиран,елегантен, невестински фустан со тантела во горниот дел, младоженецот пак во класичен костум со елек и вратоврска.
Од фотографиите на кои можете да ја препоознаете сестра и Ана, може да се види дека на свадбата немало премногу гости, а покрај блиските членови на двете семејствата, присутни биле и некои од познатите актери, како и соиграчи на Андрија од МЗТ.
Инаку, Јана и Андрија се запознале во Скопје, кога српскиот кошаркар пристигна во таборот на македонскиот шампион МЗТ пред две сезони. Познанството резултираше со љубовна врска, која е крунисана со брак и бременоста на актерката, која велат, носи машко дете.
Јана неодамна и го покажа трудничкото стомаче на плажа, а, дали новороденчето ќе го го добие името за кое веќе се шпекулира – Микаил или можеби ќе го носи името на таткото на Јана, покојниот македонски актер Ненад Стојановски, останува да видиме?
Како што останува да видиме дали Белград ќе биде и изборот за живеење на младата брачна двојка, можеби заради развојот и растежот на нивните кариери – актерската и спортската?!