Цеца Ражнатовиќ е нов член во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ наместо Јелена Карлеуша.
Карлеуша како истакна одлучила да го напушти музичкото шоу бидејќи сака да се посвети на издавањето и промоција на нејзиниот албум кој го подготвува и кој наскоро треба да излезе во етер.
Членовите на жирито на музичкото шоу се огласија по повод доаѓањето на Цеца на местото на Карлеуша.
„Се радувам што Цеца доаѓа во жирито. Таа е мој соработник веќе 20 години и знам дека одлично ќе се вклопи во шоуто какво што е „Ѕвездите на Гранд“. Таква ѕвезда и е потребна на продукцијата и верувам дека и едните и другите ќе профетираат од оваа сезона. Ако некаде има проблем секако дека може да смета на мојата помош, исто како и останатите членови на жирито. Секогаш сум тука за своите колеги. Инаку, Цеца веќе со добар тим, а квалитетот на емисијата сигурно ќе биде многу подобар“, вели Александар Милиќ Мили за Гранд.
„Навистина сум изненаден. Останувам со ставот до новата сезона да не давам изјави за медиумите, па ни за вас. Извините, но се гледаме на 18 септември“, изјави Ѓорѓе Давид.
Од друга страна, Снежана Ѓуришиќ смета дека секој музички експерт е добредојден во „Ѕвездите на Гранд“.
„Иако сум дел од продукцијата не се занимавам со вакви одлуки и промени, но мислам дека секој кој има успешна кариера и вредно работи и ја сака оваа работа, заслужува да биде дел од „Ѕвездите на Гранд“. Цеца е уметник кој спаѓа во ова категорија и како таква е добредојдена“, изјави Ѓуришиќ.
Екипата на „Гранд онлајн“ се обидела да го контактира Драган Стојоковиќ Босанац, но тој не одговарал на повиците.
Инаку, новата сезона започнува на 18 септември, а оваа година аудициите за музичкото шоу беа онлајн.
фото: З.К Муња/ Д. Милошевиќ