Радио Милева даде свој коментар

Се огласи таткото на новото момче на Цеца: „Не сум го видел толку среќен и задоволен“

Се огласи таткото на новото момче на Цеца: „Не сум го видел толку среќен и задоволен“

Главна тема деновиве во медиумите барем кога станува збор за естрадата, е новото момче на Цеца Ражнатовиќ.

Имено, фолк ѕвездата е во љубовна врска со помладиот угостител Богдан Срејовиќ од Белград.

Папараците деновиве го улови новиот пар заедно, но Ражнатовиќ не скааше да го коментира својот приватен живот.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ceca-e-konechno-vljubena-do-ushi-folk-divata-ima-nova-ljubovna-vrska-so-pomlad-ugostitel-foto-video/

Меѓутоа, таткото на Богдан, Милош Срејовиќ се огласи за курир.рс и на кратко ја прокоментира врската на неговиот син со фолк ѕвездата.

Некогашниот југословенски атлетичар вели дека неговиот син ништо не му кажал за новата љубов, но дека го подржува неговиот избор.

„Неблагодарно е да коментирам. Тие се полнолетни, зрели луѓе кои знаат да се грижат за себе. Колку што можев да забележам среќни се и задоволни. Тоа е обострана приказна и не сакам да се мешам. Морам да кажам дека Богдан го немам видено толку среќен и задоволен, па претпоставувам дека се е во совршен ред“, вели таткото на новото момче на Цеца.

фото: приватна архива

Тој од медиумите дознал дека неговиот син е во врска со Ражнатовиќ.

„Вчера дознав од медиумите дека мојот Богдан се забавува со Цеца. Досега ништо не ми кажа, ми рече дека ќе се видиме и ќе зборуваме. Требаше да дојде за Божиќ, но нешто беше спречен“, вели Милош кој живее во Кргујевац.

Потсетуваме, Цеца и Богдан се запознале на една роденденската забава.

To top