„Се слушнав со него пред малку. Прима соодветна терапија. Звучи добро и убаво зборува. Му реков да го исклучи телефонот. Стабилен е. Неговата крвна слика е подобра што е добар показател за закрепнување. И нема температура. Тој би сакал веднаш да си оди дома и вели дека едвај чека да излезе, но засега не може“ – изјави сопругата на фолк легендата Предраг Живковиќ – Тозовац Емилија за „Блиц“. о, таа ја сподели и информацијата дека во нивното семејство викендов имале смртен случај. Имено, нејзината мајка починала, но не како резултат на последици од коронавирусот:
„Жената имаше пејсмејкер, па почина од срцев удар. Таа имаше 93 години. Пејсмејкерот и беше вграден пред десет години. Нејзината смрт нема никаква врска со короната“ – додаде кратко сопругата на пејачот.
Да потсетиме, Тозовац беше примен во болница поради симптоми на коронавирус и тешка пневмонија. Како што дознава „Блиц“, познатиот пејач претходно примил две дози од вакцината: вакцина и ревакцина. Тозовац бил ревакциниран пред седум дена.
Фото: Милан Илиќ