Радио Милева Сега останав без него и не сум свесна дека го изгубив

Се огласи и ќерката на Џеј: „Останав без својот идол“

Се огласи и ќерката на Џеј: „Останав без својот идол“

Ќерката на Џеј Рамадановски, Марија Рамадановски вели дека е на лекови и дека се уште не е свесна за загубата на нејзиниот татко.

„Што да кажам? Катастрофа. Голема загуба“, вели Марија.

На прашањето како изгледале последните денови на Џеј, таа одговори:

„Се’ исто. Нормално. Како може да поминува еден ден на болен човек. Престана срцето да му чека. Сите не изненади. На лекови сум“.

фото: принтскрин/иснтаграм/марија рамадановски

Таа вели дека нејзиниот татко немал последна желба, а ќе го памети по убавите работи.

„По се’ најубаво, па најдоброто срце и душа. По најдобрите песни кои ќе ги пејам цел живот. Едноставно, тој е мој идол, мојата најголема поддршка. Сега останав без него и не сум свесна дека го изгубив“ изјави Марија за блиц.рс

Потсетуваме, Џеј почина во својот стан во Белград откако неговото срце престанало да чука.

To top