Менаџерот на Северина Којиќ во изјава обвини дека поранешниот сопруг на пејачката ја наместил за експилицитните фотографии кои се појавија во интернет просторот.
Сепак, Милан смета дека таа изјава е сосема неразумна и едека ова нема да биде првпат портпаролот Петровиќ да врши клевета против него.
Тој веднаш по обвинувањето ја кажа својата страна на приказната во која вели:
-Сигурен сум дека ова дополнително ќе го посрамоти и вознемири нашиот син кој наскоро ќе тргне во училиште. Јас не можам, никој не може да го заштити од другите деца. Оваа ситуација ја сметам за исклучително неодговорна и непромислена од мајчиното однесување и тоа веќе вторпат во нејзиниот живот. Не знам дали таа ги пласирала за да ја поврати некогашната популарност или тоа го направил некој друг, но јас сум загрижен дека ќе му нанесе огромна штета на мојот син кога еден ден тоа некој ќе му го покаже, вели Поповиќ за „24 сата“