Актерката Ријалда Кадриќ, позната по улогата на Марија од серијалот „Луде године“ односно „Жикина династија“, почина ненадејно вчеравечер на 57-годишна возраст во Атина, каде живееше во последните години од нејзиниот живот.
По тој повод се огласи и Владимир Петровиќ познат како Боба од „Жикина династија“.
Тој кратко прокоментирал:
„Не знам што да ви кажам. Во шок сум и еве не можам да верувам“.
Боба и Марија важеа за еден од омилените парови во екс Југославија.