Аца Лукас претходните неколку дена имаше висока температура, поради што мораше да откаже три концерти. Пејачот примал терапија и бил на инфузија, но неговата состојба не се променила, па бил принуден на овој потег.
– Драги мои, бидејќи ми се слоши и имам висока температура, ќе бидам принуден да ги откажам настапите во Чазин, Градишка и Добој за прв пат во последните две години. Се надевам дека многу брзо ќе оздравам за да продолжиме да се дружиме. Сите оние кои купиле билети за споменатите претстави ќе бидат известени за новите термини. Ви благодариме на разбирањето – напиша тогаш популарниот пејач на својот Инстаграм профил.
Сега тој повторно проговори и откри дека се чувствува многу подобро.
– Драги мои, еве ме пак, здрав како дрен… Фала богу, оздравев. Се е под контрола – низ насмевка изјавил во кратко видео најавувајќи дека од утре се враќа на својата редовна програма.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Курир.Тв