Откако се појави во популарната серија, таа ја плени јавноста. И додека на деловен план секогаш и цветаа рози, во приватниот живот доживеа бројни удари со кои не знаеше да се снајде.
Таа често велеше дека мегапопуларната серија и работата на неа се исцрпувачки, а средбата со турскиот заводник била кобна за неа. Набрзо останала бремена, но нејзиниот партнер кој веќе имал две деца не сакал уште едно.Скршена од болката решила да си го одземе животот.
– Во Анталија добив награда за глума, а таа вечер се обидов да се самоубијам. Отидов во хотелската соба и ја фрлив статуата кршејќи ја, бев целосно луда и си ги исеков рацете, крв имаше насекаде. Сакав да се фрлам од балконот бидејќи тоа го гледав како единствен излез. Сакав да исчезнам, да ме нема, да бидам мртва. Спасот го видов во смртта. Бев многу лошо психички – изјавила убавата актерка за најтешкиот период од нејзиниот живот.
И тогаш се случи чудо. Таа ја роди ќерката Лара и животот почна да добива смисла. Повторно се заљубила и на почетокот на 2021 година родила друга принцеза која ја нарекла Лили Кои.
View this post on Instagram
Сега веќе сме сигурни дека знаете дека тоа е убавата Хурем, односно актерката Мерјем Узерли.
фото:Instagram printskrin