Поранешната кошаркарка на српската репрезентација, Милица Дабовиќ почна да продава облека, чевли и многу други парчиња облека затоа што во моментот не прима плата, а бидејќи е самохрана мајка, очајно и требаат пари.
Таа открива дека и помогнала пејачката Александра Живојиновиќ – Пријовиќ која купила најмногу од работите и со тоа и помогнала во текот на кризата.
– Се надевам дека нема да се налути, но сега и солзите ми надоаѓаат… Тоа е Александра Пријовиќ. Неизмерно сум и благодарна. Таа дури и не разбира што направи за мене и за мојот син – заклучи Милица Дабовиќ за „Блиц.рс“.
Милица објави заедничка фотографија со Александра на Инстаграм со следниот коментар:
– Секој има своја добра вила, така и јас – напиша Милица, а Александра одговори со тоа што постави емотикон од срце.