Деа Ѓурѓевиќ иако до крај неопоравена, се врати на малите екрани пред седум дена и повторно е дел од утринската програмана ТВ „Пинк“.
Како што наведува извор близок до водителката, Деа судбинското „ДА“ ќе го изговори само два дена по нејзиниот роденден и спектакуларната прослава која се планира во еден престижен ресторан, каде таа и нејзиниот колега Младен Мијатовиќ со кого е во тригодини во врска, ќе ја крунисаат својата љубов и ќе продолжат заедно да го слават животот.
„Деа и Младен сфатија дека нема потреба да се чека свадбата, а пред два месеца дошле до идеја дека можат да се земат на роденденот на Деа. По нејзината несреќа, сфатија колку многу се сакаат и колку нивната љубов е вистинска, па затоа и нема причина да го одложуваат бракот.
Предлогот на Младен, на деа многу и се бендисал, по што почнале да се подготвуваат за двојната прослава, нејзиниот роденден и свадбата. Убавите вести им ги објавија на пријателите и семејството, вели изворот и додава дека Мијатовиќ не прашува колку ќе го чини, само неговата избраничка да биде среќна.