Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ се во повеќегодишна врска, а нивната врска не ги следеше скандали, туку тие ја чуваа својата приватност за себе.
Сепак како што пишува „Стар“, пејачката и нејзиното 9 години помладо момче може наскоро да ја официјализираат својата врска и тоа под влијание на неговите родители бидејќи тие го советувале дека е време за тоа.
-На самиот почеток не беа воодушевени од снаата, но со текот на годините ја засакаа како своја ќерка. Токму поради неодамна направија сериозен разговор со синот. Шест години се во врска, но не размислуваат за венчавка, ни деца. Рада сака да се реализира како мајка, но таа не сака да го форсира Харис бидејќи тој се уште е млад да се реализира како родител и таа тоа го почитува. Но, на неа и одат годините, има 37 и треба да раѓа, вели извор близок на парот.
Исто така, родителите на Харис ја прифатиле Рада како свое дете и го посоветувале синот да одлучи што ќе прави со пејачката.
-Таткото на Рада повеќе не ги прашува за деца, ако се случи ќе биде пресреќен, не размислува за тоа бидејќи се нервира. Родителите на Харис неодамна го посоветуваа:
-Или жени ја Рада или остави ја. И одат годините, не е во цвет на младост, ако не сакаш да се жениш и да се реализираш во улогата на татко остави ја да си најде среќата“. Кога и кажа на Рада, таа беше изненадена , но и среќна бидејќи ја почувствува нивната поддршка, вели извор за Свет.
фото: Драган Кафиќ/инстаграм/рада манојловиќ/харис берковиќ