Српските медиуми пишуваа дека Јелена Карлеуша го пријавила сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство откако наводно и удрил шамар на Божиќ.
Наводно, Душко во полиција изјавил дека никогаш не ја допрел Јелена и дека таа го пријавила од одмазда.
-Повторуваше дека никогаш не бил насилен и дека никогаш не кренал рака на својата жена. Тој потврди дека се скарале за време на ручекот, но дека никогаш не дошло до физичко насилство, вели извор за „Информер“.
Тој тврди дека Карлеуша го пријавила Душко за да му се одмазди бидејќи подолго време се во лоши односи.
-Се колнеше дека само го кренал тонот на пејачката, а таа го пријавила од одмазда бидејќи подолго време не се во добри односи, вели изворот.
За потсетување, на спортистот му е одредена забрана за приближување на Јелена во рок од 48часа, а потоа истата е продолжена на 30 дена.
фото: инстаграм/душко тошиќ/приватна архива