Радио Милева загрижена

Се јави Александра Гагиќ, мајката на бремената вереница на Дарко Лазиќ: Еве кој од семејсвото е против врската на нејзината ќерка и пејачот (ФОТО)

Се јави Александра Гагиќ, мајката на бремената вереница на Дарко Лазиќ: Еве кој од семејсвото е против врската на нејзината ќерка и пејачот (ФОТО)

Александра Гагиќ – Сандра, мајката на Марина Гагиќ, бремената вереница на Дарко Лазиќ вели дека таа и нејзиниот сопруг во се’ ја поддржуваат Марина, но дека еден член на семејството сепак се противел на врската на нејзината ќерка со пејачот.

„Мојот сопруг и јас сме попустливи и слаби на децата, а Марина никогаш не не изневерила досега, па затоа и бевме со неа во овој тежок момент за сите нас. Лудо е вљубена во Дарко, како во никој друг. Порано имаше детски вљубувања, а сега е сериозно вљубена и чека дете. Таква и била судбината.

Но, мојот син, односно  братот на Марина првично беше против таа врска, но на крајот го прифати пејачот. Бевме изненадени кога почнаа да се забавуваат. Понекогаш си мислам, зошто Дарко се уште официјално е во брак, но и покрај тоа што имам отворен и искрен однос со Марина, не вршам притисок врз неа и не поставувам прашања во врска со неговиот развод“ – вели Александра.

„Се плашам како и сите мајки. Марина е многу зрела за нејзината возраст, иако во февруари ќе наполни  само 20 години. Верувам дека таа не го притиска Дарко за развод. Во суштина е најважното нешто тие двајца да се сакаат. Останатото ќе се реши попатно, само тој да се излекува,  тоа е приоритет. Ако е точно она за пороците што можеше да се слушне од медиумите, не започнувајте разговор со мене на оваа тема… Се надевам дека на Дарко нема да му се повторат грешките од минатото и ќе продолжи да биде одговорен за себе и за семејството кое сега го гради“ – вели Сандра.

„Не ја замислувам големата свадба на Марина и Дарко, туку таа да нема проблеми со бременоста, а тој целосно да се опорави. Би сакала да имам внук, Марина да роди момче“ – вели идната баба на Дарко Лазиќ.

To top