Несекојдневното семејство на славниот фудбалер Кристијано Роналдо изгледа ужива во хармонични односи, а неговата млада 23-годишна девојка Георгина Родригез одлично плива во необичната ситуација во која се најде.
На Георгина ниту малку не и сметало што на почетокотод нивната врска, Роналдо очекувал близнаци од сурогат мајка и што веќе била бремена кога тие дошле на свет. Оваа убавица така станала мајка пред да се породи, а изгледа дека одлично се снаоѓа во таа улога.
Колку ги сака близнаците Ева и Матео и 7-годишниот Кристијано Јуниор, кој исто така е роден од сурогат мајка, зборуваат фотографиите на Инстаграм.
Георгина и Роналдо на јавноста уште не и го откриле полот на нивното заедничко бебе кое стигнува кон крајот на годината.
Убавата Георгина на свеченоста на која Роналдо, по изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) доби награда за најдобар фудбалер во светот за 2017 година, ги собра сите погледи.