За познатата пејачка Аврил Лвињ еден период се пишуваше дека е исчезната, подоцна и дека е мртва, а на нејзини настапи се појавувала девојка која личи на неа.
Но, всушност таа со години не беше дел од светската музичка сцена поради борбата со болеста од која со години се лечеше. Станува збор за лајмска болест од која заболела, пишува „Индепенднт“.
Во отворено писмо до фановите, кое го објави на својот сајт, пејачката откри дека тоа и биле најлошите години од животот и тешка животна борба, пишува Лавињ(33) која во 2013 година го издаде петиот албум, а само две години подоцна и била дијагностицирана оваа болест.
Станува збор за бактериска инфекција која може да доведе до физички и ментални проблеби, доколку не се лечи на време. Се лечи со антибиотици, а опоравувањето трае неколку месеци. Меѓутоа, пејачката ја немала таа среќа.
-Поминав години во борба против оваа лоша болест, напиша таа и додава:
-Во еден момент морав да ја прифатам смртта и можев да почувствувам како телото ми се гаси. Изгледаше како да се давам, како да тонам и дека ми е потребно да излезам на површеината и да земам воздух. Како да бев во река, а струјата ме влечеше надолу, а така очајнички ми требаше да земам воздух, напиша Аврил.