Радио Милева Сепак одлучи

„Се двоумев дали да објавам фотографии во бикини“: Милена Антовска незадоволна од килограмите и стомакот по породувањето“ (фото)

„Се двоумев дали да објавам фотографии во бикини“: Милена Антовска незадоволна од килограмите и стомакот по породувањето“ (фото)

ТВ водителката и тазе мајка по вторпат, Милена Антовска Станковска е меѓу оние кои месец август го користат за летен одмор.

Ова лето 2022-ро Милена заедно со сопругот Гордан и малата Лана Марија, имаат засилување, а тоа е бебенцето Јоана.

Мама Милена иако изгледа совршено како мајка на две деца и неодамна породена, таа сепак се уште е незадоволна од својот изглед по породувањето, па вели дека се двоумела дали да објави фотографии во костим за капење.

-Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне после раѓањето на Јоана. Навикната сум цел живот да имам убав рамен стомак, ама после царскиот рез и зголемениот апетит ќе почекам малку (се смее)
Ама гајле ми е затоа што си имам две златни дечиња и сопруг што беше приморан да ме слика.
Не направив никакво едитирање, додадов само малку боја на фотографиите., пишува Милена во описот.

Бело- розовото бикини одлично и прилега, а тоа и го потврдија и следбениците во коментари и порачаа дека нема потреба за двоумење бидејќи изгледа совршено.

За потсетување, Милена се породи пред седум месеци и тоа на Василица.

фото:Инстаграм принтскрин/Милена Антовска

To top