Директорот на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, во утринската програма кај Јована и Срѓан, раскажа една анегдота која му се случила деновиве кога ја минувал границата помеѓу Србија и Хрватска.
„Само што ја поминав границата од Хрватска кон Србија и царинските службеници се собраа околу мене. Помислив кој знае што сега ќе бараат и ќе ме прашуваат, а тие: „Еј, Сале, ајде сега ти да ни кажеш кој ќе победи во Ѕвездите на Гранд?“
„Не знам, им велам… Па дали сте луѓе вие нормални, како јас да знам кога се гласа“, се бранел Поповиќ.
„Гласањето е апсолутно фер, а и за нас е важно да бидеме фер и објективни за да имаме повратни информации од публиката, кого таа сака, кој е нивниот миленик, идната ѕвезда на Гранд“ – попустои се трудел да објасни Поповиќ.
А царинските службеници биле упорни: “Не не… Сале ти како што ќе кажеш, така и ќе биде“ – тврделе тие.
Поповиќ не сакал ниту во утринската програма да каже кој е неговиот омилен кандидат и од кој конкурент очекува најверојатно да победи.