Директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ проговори за скандалот во „Ѕвездите на Гранд“ кога кандидатката Вања Кнежевиќ беше дисквалификувана.
„За овие 18 години преживеавме разни напади. Во сабота имавме најгледана емисија во последните неколку години. Она што можам да кажам дека е за сите овие години излегоа многу деца, имиња и пејачи и среќен сум што тие деца денес имаат куќи, семејства, станови, деца…Во 2004 година се појавија Тања Савиќ, Славица Чуктераш, Бане Мојиќевиќ, Стеван Анѓелковиќ. Па, потоа, Милица Тодоровиќ, Рада Манојловиќ, Дуле Свилар, Динча, Милан Станковиќ. Потоа во 2009 се прекрасните пејачи Дарко Лазиќ, Јелена Костов, Топалко. Па потоа, Стефан Петрушиќ, Петар Митиќ, Милица Павловиќ, Андреана Чекиќ…па Пријовиќ, па Катарина Грујиќ. Не знам како би се правиле музички емисии да не направивме толку имиња. Гранд одржа популарност на многу пејачи“ вели Поповиќ на почетокот и додава:
„Преку 100 000 кандидати. Да не се лажеме, денес сите сакаат да пеат, дури и старлетите. За се ова време имавме преку 200 членови на жири, и пејачки, актери, текстописци, композитори. Во еден момент во жири беше и Цеца Ражнатовиќ и Александар Вучиќ. Ова жири е најдобро и имаат кредибилитет“, вели Поповиќ.
Саша проговори и за тоа дека наводно Марија ги напушта „Ѕвездите на Гранд“.
„Марија, ако го гледаш ова те молам да не го напуштат натпреварувањето. Жирито останува во свој состав. Од следната сезона имаме се ново“, вели Саша.
Тој истакна дека во „Гранд“ не се случува често некој да дисквалификуваат.
„Немања Стевановиќ и Милица Чераниќ ги дисквалификувавме поради реалното шоу. Немања го вративме, на Милица секогаш и се отворени вратите. Марија еднаш сама дисквалификуваше кандидат и не се крена голема прашина околу тоа. Ова сега е хаос бидејќи станува збор за девојче од 18 години“, вели директорот на продукцијата.
Тој сега откри и нови детали за дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ.
„Членот на жири го кажа тоа што го кажа, а таа девојка после емисијата доби над илјади пораки во кои го навредува жирито. Таа ги објави тие пораки и дури им се заблагодари. Тоа навистина беше некултурно и тоа беше за дисквалификација. Ние ја дисквалификувавме, а вечерта веднаш ми се јави нејзиниот татко. Еден фин и културен човек. Ми рече: „Господине Поповиќ, што да направиме за да ја вратиме Вања“. Јас му реков дека поддржала гнасни пораки. Тој истакна дека знае дека детето погрешило. Утредента се слушнав со членот од жирито, а таа ми кажа: „Сале, добро размислив, врати ја во натпреварувањето, ќе испадне дека сум таква и таква. И за тоа зборував со Марија и тамн мислев да ја вратам, таа на „Инстаграм“ стави дека „Ѕвездите на Гранд“ се простаклук и напиша: „Среќна сум што завршив со ваков вид на натпреварување и ги исклучија коментарите. Се ни е јасно. И може да измислуваат лаги за мене. Но, да го лажете народот кој ме подржава….“,вели Поповиќ за „Јутро“ на Прва телевизија.
„Ја прашав Јелена зошто беше толку дрска, а таа ми одговори дека ја фалела во четири емисии, но дека ја поткачила за да го промени тој имиџ. Ова за Вања е голем маркетинг“, вели Поповиќ.
Како што пишуваше курир.рс, 19 кандидати на Марија Шерифовиќ од револт сакале да го напуштиле музичкото натпреварување, па има било кажано доколку тоа го направат повеќе никогаш нема да може да се појават во Гранд.
„Марија ми јави дека нејзини 19 кандидати сакаат да го напуштат натпреварувањето. Веднаш почнаа да пишуваат дека Саша Поповиќ ги уценува кандидатите. Никој не ученував. И реков на Марија да им каже доколку сега го напуштат натпреварувањето, повеќе нема да се може да се натпреваруваат. Нема никогаш да снимаат за Гранд, нема да се појавуваат во Гранд, а реално гледано Гранд е најголем промотер. Сега имам 100, а јас и со 20 ќе направам иста гледаност“, вели Поповиќ.