Саша Поповиќ и Лепа Брена во текот на 90тите ја посетиле позната гатачка Баба Ванѓа со цел да дознаат повеќе детали за нивната иднина.
Директорот на „Гранд“ истакна дека ја посетил познатата гатачка која му открила кога ќе почине.
Како вели Поповиќ, Баба Ванѓа му предвидела распаѓањето на нивната група „Слатки грех“.
„Бевме кај починатата Ванѓа. Јас кога седнав пред неа, таа само ми кажа: „Тргни ги очилата“, а јас и одговорив: „Не носим очила“, а таа ми одговори: „Сега ќе те избркам надвор, тргни ги очилата“. Баба Ванѓа ни кажа: „Деца, ова е прекрасно, но од следната година нема да постоите“. И тогаш ми раскажа за целиот живот. Се ми кажа како ќе биде и што ќе биде, и така се случи. Дури ме праша: Сакаш ли да ти кажам кога ќе умреш? Сега го знам и тоа. “ вели Поповиќ и додава:
„Во пет минути ми го раскажа целиот живот и ми кажа: „Добро памти што ќе ти кажам“.
За потсетување, во една прилика и Лепа Брена откри што и предвидела познатата гатачка, односно таа и кажала дека ќе се омажи за човек во бело.
„Ќе имате убав брак само ако не се омажите за странец“ и рекла Ванѓа на Брена.
Исто така Ванѓа и предвидела на Брена дека ќе има голема продуцентска куќа каде што ќе бидат сите пејачи, како и дека ќе биде многу популарна, дека ќе го прошета целиот свет.