Радио Милева во неа има најмногу доверба

Саша Поповиќ подготвува тестамент: Еве на кого ќе остави целото богатство

Саша Поповиќ подготвува тестамент: Еве на кого ќе остави целото богатство

Саша Поповиќ со помош на адвокат напишал тестамент во кој ги назначил неговите наследници, пишуваат српските медиуми.

Како што пишува „Скандал“, откако Саша го продал „Гранд“ почнал да вложува во разни бизниси.

Сепак, свесен во какво време живееме Саша составил тестамент со цел навреме да го обезбеди семејството.

-Сале се советуваше со својот адвокат и одлучи се да остави на својата сопруга Сузана. Таа од него е помлада 15 години, но најмногу има доверба во неа и е сигурна дека ќе успее да се снајде со имотот кој го поседуваат“, вели извор и додава:

-Tој има доверба и во нивната ќерка, и во синот на Сузана кој го гледаше како свој. Сепак, одлучи се да препише на Сузана. Секако, тој не мисли дека му се ближи крајот, но свесен е во какво време живееме и е свесен дека треба да има тестамент, а Сузана се согласи со тоа.

Како што се пишува, кога тестаментот официјално ќе биде составен, сопругата на Саша, Сузана ќе биде богата за неколку милиони евра.

Поповиќ не се огласи по повод овие пишувања.

фото: Немања Николиќ/ата имагес/ принтскрин/инстаграм/саша поповиќ

To top