Радио Милева се враќа на музичката сцена

Саша Поповиќ „платил дебело“ за новиот спот на сопругата Сузана Јовановиќ (фото)

Саша Поповиќ „платил дебело“ за новиот спот на сопругата Сузана Јовановиќ (фото)

И покрај пандемијата на коронавирусот, Саша Поповиќ смета дека треба да продолжи да инвестира во кариерата на неговата сопруга Сузана Јовановиќ.

Првиот човек на „Гранд“ наводно платил приближно 20.000 евра за снимањето на нејзиниот спот во Турција.

-Сузана на егзотичната дестинација – Анталија однесе цел тим на соработници – шминкер, фризер, фотограф и режисерот на спотови, Дејан Милиќевиќ“, вели близок извор на Поповиќ.

Сместени се во еден од најпрестижните хотели, каде престојуваат само оние со подлабок џеб. Сепак, бидејќи во моментов е зима, а помина и летната сезона, Сузана и Поповиќ поминаа поволно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @suzanapopovic69

Судејќи по фотографиите кои пејачката и  нејзините соработници ги објавија на Инстаграм тие престојуваат во Анталија веќе шест дена, врз основа на што може да се заклучи колкава е цената, што е нешто повеќе од пет илјади евра за целиот тим.

Ако се земе во предвид дека на целиот тим треба да плати за нивната работа и дневници, тогаш Поповиќ треба да плати 7 000 евра.

Авионските билети од Белград до Истанбул, а потоа и за Анталија, изнесуваат околу 400 евра по лице, што е вкупно 2.400 евра.

Интересно е што Сузана за големо враќање на сцената ангажираше турска манекенка, која исто така не беше ефтина, но и една девојка, која имаше неколку сцени. Исто така изнајмила автомобил за да го сними видеото, а според нејзините соговорници, семејството Поповиќ вкупно платило 20 000 евра.

To top