Јелена Карлеуша „заштедила“ околу 300.000 евра, благодарение на учествотот во жирито во „Ѕвездите на Гранд“, и рече Саша Поповиќ, зашто доволна била појавата таму, па не морала ништо да снима: ниту нови песни, ни видеоспотови.
Таа му возврати на шефот на Гранд и го праша дали токму тој не и рекол дека додека е дел од жирито, не мора да снима песни?
Тогаш Поповиќ тргна да пресметуваа, па ја запраша Карлеуша колку пари и требаат за песна и видео? Кога слушна дека таа смета во просек 50,000 евра, тој веднаш и ја спушти цената.
„Да земеме околу 30.000 евра. Јелена нема снимено ништо сама веќе пет сезони откако е тука. Тоа значи дека ние сме ти заштедиле помеѓу 250.000 и 300 000 евра со самото тоа што седиш на таа столица“ – и рече Поповиќ, а Карлеуша беше навредена.
Сепак, Јелена не му остана должна, додавајќи дека „Гранд“ исто така профитирал од неа.
„А ти направи милиони. Сетете се од 2015 година, колку милијарди динари сте направиле на мене?“ – праша гордо Карлеуша, а директорот одговори како од топ:
„Исто како од 2010 до 2015 година, пред да дојдеш ти во шоуто“.
„Да, да… исто? Пред тоа нешто не те имав видено да купуваш јахта и скапи автомобили“, му возврати пејачката.