Овој месец кружеа шпекулации дали Марија Шерифовиќ ќе го напушти жирито на „Ѕвездите на Гранд“.
Директорот на продукцијата, Саша Поповиќ истакна дека пејачката ќе остане и следната сезона, а како што пренесува курур.рс, Поповиќ ќе мора да издвои 150 000 евра за да Шерифовиќ остане во жирито следната сезона.
Не е никаква тајна дека членовите на жирито се платени за нивната улога во музичкото шоу.
Имено, пред неколку месеци во медиумите се појави вест дека Карлеуша добива 400 000 евра за учество во жирито, но оваа информација ја демантираа од Гранд, но сепак Поповиќ им плаќа одредена сума на „судиите“.
Ако се земе во обзир дека сезоната трае 9 месеци, однсоно 40 емисии во кои членовите на жирито се и ментори и работат со своите кандидати, тогаш логично е да заработуваат и по неколку илјади евра.
„Марија долго време се мислеше дали да остане следната сезона, па Поповиќ ја праша:„Марија за следната сезона останува исто, остануваш со нас“?, а таа му одговори дека не знае бидејќи тоа за неа е премногу енергија и дека сака да се посвети на кариерата. Тогаш Поповиќ и кажа дека планира следната сезона повеќе да го плати жирито бидејќи направиле рекордна гледаност, Марија му одговори дека кога има 150 000 евра за јахта ќе има и за него“ вели извор близок на Шерифовиќ, а пишува курур.рс
По неколку дена Шерифовиќ и Поповиќ наводно имале состанок, па се договориле околу деталите и парите.
„Саша и кажа на Марија за колку пари станува збор, а Марија прифати. Поповиќ мисли дека Шерифовиќ заслужи толку пари бидејќи оваа година победи кандидат на Марија, Џелја Рамовиќ“ тврди изворот.
За потсетување, Поповиќ неодамна купи јахта која ќе плови низ Хрватското приморје, а за истата плати 250 000 евра.