На снимањето на првата емисија на „Ѕвездите на Гранд“, Јелена Карлеуша се појавила нервозна и нерасположена.
Пејачката била негатвина, мрзлива, а најголемиот број кандидати останаа без нејзин глас.
„Навистина многу сум нервозна и немам желба да ги коментирам и моите кандидати“ порача Јелена во емисијата.
Меѓутоа, директорот на „Гранд“ побарал пауза и разговарал со пејачката.
„Саша отворено и кажа на Карлеуша како стојат работите. Можеби беше суров кон неа, но мораше така да биде. Тој и кажа: Јелена, разбирам низ што поминуваш, но вака не оди. Или се прибери однесувај се како треба или да направиме пауза во соработката“ изјави извор и додава:
„Таа беше изненадена и само одговори дека ќе се потруди, но, потоа на снимањето покажа дека го разбра неговото предупредување. Јасно и е дека нема да и одговара пауза од „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи ова музичко шоу и ја подобри кариерата.Затоа до крајот на емисијата беше многу расположена, повеќе комуницираше, па дури и се смееше“ вели изворот.
За потсетување, по порно аферата Карлеуша замина во Кина, а по нејзиното враќање во Белград не сакаше да дава изјави за медиумите.