Александра Пријовиќ е една од најбараните и најплатени пејачки во регионот.
Свесна за својата популарност, таа посакала да го одржи својот прв концерт во „Арена“.
Меѓутоа, Пријовиќ имала состанок со директорот на „Гранд продукција“ кој веднаш ја отфрлил таа идеја.
„Александра има многу работа, работи секој викенд и сопствениците на клубовите ја бараат.Таа зборуваше со Филип и имаа план да организираат концерт во „Арена“. Тој ја подржува во се, па така беше и оваа да го исполни својот сон“ вели извор и додава:
„Кога му кажа на Филип, тој и кажа дека и се допаѓа идејата, но дека треба да се посоветува со Саша Поповиќ. Закажаа состанок, Александра му кажа дека сака во декември да одржи концерт во „Арена“. Поповиќ и кажа дека е рано за тоа, посебно не сега, кога на крајот на ноември во „Арена“ ќе имаат концерти Северина и Здравко Чолиќ. Тој и кажа дека е најпаметно да издаде уште еден албум, па тогаш да закаже концерт бидејќи во својот репертоар ќе има повеќе свои песни“ вели изворот.
„Филип истакна дека се согласува со Поповиќ, а неговиот совет го прифати и Александра“ вели изворот.
Според изворот и Брена дознала за планот на Александра, па се согласила со мислењето на Поповиќ.
„И Брена дозна за планот на Александра и во потполност го подржа Поповиќ и неговиот совет кој го даде на Прија.Секако, кога ќе дојде време за концерт таа ќе и биде поддршка, а големи се можностите Брена и Ацо Пејовиќ да бидат гости на концертот“ вели изворот.
Инаку, во март месец Пријовиќ се породи и на њсвет го донесе синот Алкесандар, но набргу по породувањето се врати на своите музички активности.