Саша Поповиќ, во договор со неговиот тим, решил да им се посвети на „Ѕвездите на Гранд“, кои биле екстра популарни и барани, а афирмираните, стари sвезди да ги „исфрли“ од својата продукција.
Можеби малкумина се сеќаваат дека во таа 2009. година, во „Гранд продукција“ Саша Поповиќ направи голема чистка на проверени пејачи.
Некои медиуми и портали дури организираа гласања и анкети каде луѓето можеа да гласаат кого сакаат, а кого не сакаат од пејачите да го гледаат на Гранд сцената.
Естрадата беше во паника, сите се плашеа дека тоа ќе бидат тие што повеќе нема да снимаат за „Гранд“.
Така, фолк пејачите како Стоја Новаковиќ, Миле Китиќ, Дара- Бубамара, Митар Мириќ, Маја Маријана, Гога Секулиќ, Јелена Брочиќ, Наташа Ѓорѓевиќ, Тина Ивановиќ, Шеки Турковиќ, Јашар Ахмедовски, Јана Тодоровиќ, Марта Савиќ, Снежана Савиќ… и многу други први ги примија „отказите“ како ѕвезди на „Гранд продукција“.
Потоа и многумина од помалку популарните пејачи се соочија со истата судбина. Неколку години подоцна, кога популарноста на „Sвездите на Гранд“ драстично се намали, Саша Поповиќ повторно ги повика сите пејачи што претходно ги отпушти да се вратат назад во „Гранд. Некои се вратија, а некои продолжија да сснимаат, издаваат и настапуваат самостојно.