Радио Милева

Саша Поповиќ беше во Скопје поради аудициите на „Ѕвездите на Гранд“, а овие македонски пејачи беа дел од жирито

Саша Поповиќ беше во Скопје поради аудициите на „Ѕвездите на Гранд“, а овие македонски пејачи беа дел од жирито

Неодамна заврши 12 – тата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а веќе се одржаа и аудициите за следната сезона која почнува во септември.

По тој повод, директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ вчера беше во Скопје каде што се одржаа аудициите за „Ѕвездите на Гранд“ и „Никогаш не е доцна“.

Во просториите на Канал 5 телевизија, Поповиќ заедно со својата екипа одлучуваше колку кандидати ќе настапат во новата сезона.

Освен Поповиќ во жирито се најде и Ѓорѓе Давид кој е исто така е дел од жирито на музичкото шоу, но беше ментор на некои кандидати.

фото: приватнаархива

Од македонските членови се најдоа и некогашните учесници во ова музичко шоу, односно некогашниот победник Ристе Ристески, и Филип Божиновски.

фото: приватна архива

Поповиќ за „Канал 5 телевизија“ истакна дека оваа сезона досега била најдобра од сите, а од Македонија ќе има околу 50 нови кандидати.

„Јас мислам дека оваа година беше најдобра, имавме четири претставници од Македонија во финалето, а тоа даде разулатити на ова аудиција, затоа што се пријавија кандидати кои се нови, кои никогаш досега не се натпреваруваа во „Ѕвездите на Гранд“. Речиси 50 нови кандидати од Македонија ќе видиме во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ изјави Поповиќ.

фото: Принтскрин/јутуб/канал5телеизвија

Поповиќ откри и детали за новата сезона.

„Имаме нови правила. Од следната година, освен стандарното жири ќе имаме гост – ментор, па така како ментори ќе видиме и некои големи ѕвезди од Македонија“ изјави директорот на продукцијата.

За потсетување, оваа година во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ се најдоа Огнен Здравкоски, Филип Пецовски, Мартинијан Кириловски и Дарко Даринос.

Останати вести од Радио Милева