Патот до естрадното ѕвездено небо му го отвори хитот „Кад љубав закасни“, а сега Саша се потсети на почетоците.
– Секоја песна што ја снимив прво морав да ја почувствувам и да верувам дека ми припаѓа мене. Ги снимав со иста страст и љубов и публиката секогаш знаеше да го препознае тоа. Се’ започна со песната „Кад љубав закасни“. Денес, кога го пеам, ми буди посебна енергија. Претпоставувам дека тоа е првата песна со која публиката најчесто ме поврзува. Потоа дојде „Наѓи нова љубав“, која секогаш се бара на настапите, „Ангел чувар“, „Одиме ангели“ – вели Саша и открива една анегдота.
View this post on Instagram
– Има една интересна анегдота од почетокот на мојата кариера… Се враќав од патување и менував станици на радио. Ден претходно излезе мојот албум, а тој ден радио станица ја пушташе „Хит на денот“ каде што бев и јас. Слушателите се приклучија да гласаат и сите велеа: „Гласајте за број 5“, „5 од мене“, „5 е исклучена…“ и јас си помислив: „Уф, многу го сакаат оној со петката денес. Подоцна сфатив дека тоа е мојот број и дека излегов на врвот. Тоа беше, мислам, песната „Проклета је виолина“ Тој случаен настан и мојата искрена радост навистина ми остана во сеќавање. Сега после толку години подготвуваме два големи концерта во Старк Арена на 8 и 9 март и верувајте кога ќе кажам – ќе биде незаборавно – изјави пејачот за 24седам.
фото: Instagram printskrin/ Sasa Matic