Пејачот Саша Ковачевиќ иако е во сeриозна љувовна врска немаше проблем да проговори за своето минато и интимата.
За време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“, Саша Ковачевиќ призна дека не можел да одолее на некои од девојките кои се појавиле во неговите спотови.
„Да, да. Секогаш гледавме да бидат убави. Бев млад и зелен“, нагло, но јасно изјави кантавторот, кој во таа прилика раскажа како една од тие девојки, наместо во неговата, завршила во собата на неговите родители:
View this post on Instagram
„Во една прилика јас и таа девојка бевме во мојата соба, таа отиде во тоалет на кратко… Бидејќи беше првпат во мојот стан, ја згреши собата и тргна баш кај татко ми и мајка ми. Кога мајка ми се разбуди…“
Инаку, Саша имаше и неколку долги врски, а со години е со Зорана, поранешната сопруга на поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ, Богдан Срејовиќ.
фото:инстаграм/саша ковачевиќ