Пејачката Сара Мејс заедно со сопругот Димитар Атанасовски и ќеркичката Илина заминаа на ран летен оодмор во Турција.
Сара е доста активна трудница, а иако е при крајот на бременоста таа го ужива секој следен труднички ден до доаѓањето на наследникот.
Познатата брачна двојка неодамна откри дека чекаат машко бебе, па Илина ќе биде поголема дадичка на братче.
Овие топли денови покрај море ги минуваат во забава и семејсни моменти за паметење, а мама Сара не пропушти да се фотографира во бикини и да го покаже трудничкиот стомак.
Повеќето трудници не баш имаат храброст да се покажат во вакво блажено издание додека телото се менува, а Сара и додека беше бремена првиот пат, беше осолободена од сите моменти на комплекс.
Инаку, Сара е во осмиот месе од бременоста или 31-ва гестациска недела, а како што објави и претходно планира да се породи во една приватна клиника во Скопје.
фото:Инстаграм принтскрин/Сара Мејс