Радио Милева пофалби со причина

Сара Мејс со полна уста комплименти за својот сопруг Димитар… а има и зошто: „Пак да се родам пак ќе те оженам“ (ФОТО)

Сара Мејс со полна уста комплименти за својот сопруг Димитар… а има и зошто:  „Пак да се родам пак ќе те оженам“ (ФОТО)

Македонскиот водител и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски и пејачката и харфистка Сара Мејс важат за една од најскладните естрадни двојки, а наивниот брак за прилично хармоничен кога се во прашање јавните личности.

Водат семеен, но и динамичен живот и заради природата на професијата и заради духот на нивните личности, полни со ентузијазам, желба за потрага по нови заеднички возбуди и авантури во природа, на викенд, на секој одмор… Или само тие двајца, но најчесто заедно сите тројца, со нивната ќеркичка Илина.

 

А брачната хармонија произлегува од љубовта и обратно – љубовта созадава брачна хармонија, па затоа добро е човек понекогаш и да застане и да се потсети со кого тоа е во брачна заедница, со кого ги дели и убавите и оние помалку убавите мигови, со кого е и во добро и зло, со кого е и кога му е тешко и кога животот му е песна.

Сара токму  понесена од оваа мисла, минувајќи покрај еден скопски билборд на кој го здогледа ликот на својот сакан кој патем, во последно време  се почесто е  лик од рекламите, го фотографираше, го сподели на својот Инстагарам па на фотографијата додаде:

„Некогаш уште не ми се верува дека јас го оженив ‘најпосакуваниот ерген’… Пак да се родам пак ќе те оженам“ – му порачува пејачката на својот сакан.

И додека многумина се „топат од среќа“ од пораката, потенцирајќи за каква прекрасна жена се работи, други на на работитене гледаат баш така… Баш исто како и претходните, тврдејќи дека секое нешто, има и свое зашто!

И ако ги пролистате следните фотографии од приказните на Сара Мејс, ќе видите дека среќната сопруга не попусто е „со полна уста“ комплименти за својот сакан животен сопатник. Димитар уште оддамна покаже дека не само што е успешен и познат, туку е и посветен сопруг, но и голем домаќин.

Како што Сара покажа дека жена туку така, апансанс, без причина, не дели на маж комплименти… А, еве и зошто…

Среќа што на домаќинот секогаш има кој да му помогне… Да го придржи да не падне додека тој ги закачува завесите, зашто „распеаната госпоѓа“ е баеги зафатена… Па некој мора и да фотографира, нели?

Веројатно сега на Димитар му е многу појасно, од каде и зошто она: „Пак да се родам пак ќе те оженам“… напишано покрај неговиот билборд!

Фото: Инстаграм принтскрин/sarahmace__

To top