Промотер

Сара Мејс со комплетно музичко ослободување за „Бакар боја“ (видео)

Сара Мејс со комплетно музичко ослободување за „Бакар боја“ (видео)

Пејачката Сара Мејс по кусо време откако го објави синглот и спотот за „Копито“, на својата публика овој пат и промовира уште едно уникатно музичко парче кое го носи насловот „Бакар боја“.

Сара за оваа нежна и релаксирачка нумера комплетно го ослободи својот музички талент, со тоа што е автор на музиката, текстот и аранжманот.

Во објавеното видео на кое Сара е во фокусот додека свири на харфа, се појавуваат уште неколку музичари меѓу кои: Симеон Ангеловски на бас, Драган Теодосиевски на тапани, а придружен вокал е Теона Јовановска.

Инаку, „Бакар боја“ е дел од проектот „Copper Room Sesions“ и студио „Алшар“.

Преслушајте:

To top