Сигурно многумина од вас се сеќаваат на женското дуо „Цимерките“ Сара и Ива и нивната „Шаби Лаби“. Секоја од нив продлжи самостојано по својот пат, но пријателството и близината од цимерскиот живот во Бугарија не остана во заборав.
Сара и Ива решија да се спојат повторно, но во Амстердам.
Причината за тоа мега настан, концерт на светската дива Бијонсе која периодов има светска турнеја. Сара Мејс го спакува куферот, децата му ги остави на чување на Димитар, а таа тргна во живот и незаборавно доживување.
За тоа како и минува времто, редовно објавува „стори“ на Инстаграм, а исто и тато Диме од другата страна за мајката да знае како се справува со децата.
Возбуда, адреналин и авантура низ Амстердам, а кога Сара и Ива пристигнаа на големото шоу, почна воодушевувањето, ежењето, па дури падна и по некоја солза од музичкиот спектакал кој Бијонсе го приреди за публиката.
Сара ни на небо, ни на земја, телфонот не го испушти од рака сакајќи да ја долови атмосферата која едноставно се дожива само непосредно.
Ова искуство не се заборава, Сара и Ива имаат уште еден заеднички спомен за кој во иднина ќе си поприкажуваат.
Со полни батерии Сара се враќа дома, назад во реалноста, онаа што ја остави во Скопје, полна со детската љубов од најмилите и секако онаа од преданиот тато Диме.
фото:Инстаграм принтскрин