Радио Милева природна потреба од безусловна љубов

Сара Мејс плачеше како никогаш досега, откако се случи првата разделба, а Димитар не пушти ни солза (ФОТО)

Сара Мејс плачеше како никогаш досега, откако се случи првата разделба, а Димитар не пушти ни солза (ФОТО)

Мајкино срце. Премногу емоции на едно место. И кога се случува нешто преубаво. И кога најмилото ќе тргне да си го бара својот пат под небото.  Таа е тука за да пушти некоја солза која зборува сама за себе.

Така беше и во семејството кај познатиот брачен пар Сара Мејс и Димитар Атанасовски. Нивните социјални мрежи се полни со приказни од секојдневните животни случки, но покрај оние забавните, овој пат се најде и една емотивна, која тие ја споделија со јавноста.

Познато е дека Сара и Димитар станаа родители по втор пат па,  дојде време како што е редот и синчето Кирил да тргне во градинка.

Но Димитар ја затекна Сара расплакана, која со солзи  му посака многу среќа на синчето.

„Со среќа нека ти е Кирил… што и да правиш во животот мама ќе биде тука за да плаче за тебе“.

Патем,  Сара, потенцираше дека на таткото тоа му е потешко да го сфати. „Цреша се од корен корнеше … Ама овој Димитар не разбира…“ – сподели пејачката.

 

Тие направија заедничко селфи  за да го овековечат овој важен момент, денот кога започнува втората етапа од животот на нивното второ детенце, малку покриено селфи, малку искривено… но сѐ заради  емоциите.

Им беше потребен и малку труд за и Кирил да погледне во камерата…

„Гили, гили. Демек за Кирил да погледне во камерата. Нема врска што ја покрива со прстиштана. Абе, Димитар и само насмевки“.

Но, безуспешно бидејќи : „Кирил гледа сегде, само во камерата не“.

Со измешани чувства, расплакани и насмеани, дојде денот кога безгрижните детски денови поминати дома привршија, а градинката сега ќе го исполнува поголемиот дел од денот на малечкиот.

На крај Сара јавно им се заблагодари на дедовците што направиле невиден баланс и досега биле безусловно и целосно посветени на внукот.

А Димитар, тој замина на тренинг, бидејќи  тренингот  не смее да трпи: „Градинка, не градинка, тренингот не смее да трпи“.

Кирил секако ќе има многу убави моменти поминати во градинка, а мама Сара… Нека остане да ги искажува емоциите кои се и природни и потребни во вакви моменти.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

To top