Промотер

Сара Мејс одново вибрира, само сега на друга – „Фреквенција“ (ВИДЕО)

Сара Мејс одново вибрира, само сега на друга – „Фреквенција“ (ВИДЕО)

Сара Костадиновска, попозната како Сара Мејс во јавноста ја обзнани својата нова песна,  со која ни подари освежувачко транспортирање на една поинаква енергија.

Што не можат зборовите, можат погледот и допирот, а што не можат ни тие, може музиката… Особено ако е така создадена не само да ја слушнате, туку и да ја почувствувате со сите свои сетила, на една сосема друга „Фреквенција“, како што гласи насловот на новото музичко остварување на познатата македонска харфистка и поп пејачка.

Нејзината „Фреквенција“ зрачи со енергијата, којашто се испреплетува низ стиховите како забавна „мелодична четка“, а вајбот во неа како и видеозаписот се инспирирани од колоритните 90ти. Сѐ се движи во ритам на искршен бит, со позитивни вибрации и во фанки ритам и расположение.

Музиката и текстот се на Сара Мејс, аранжманот и продукцијата се на Иван Петровски. Видео записот е креативно режисерско дело на Кристијан Шемко, во тим со Томислав Живковиќ, кој стои зад уникатниот сплет на ефекти и колор-корекција. Уникатната кореографија, која совршено е синхронизирана со текстот и мелодијата е осмислена од страна на тимот на Студио Брејк а Лег.

Видеозаписот е замислен да биде визуелна манифестација на новата песна на Сара, како урбан простор со колоритно фокусирани делови и футуристички предмети.

Истите сами по себе го надополнуваат расположението и „вибрацијата” во која Сара Мејс го изведува својот софистициран, суптилен еротски танц, кој зрачи со силен возбудлив еротски набој, иако во видеото нема ниту еден експлицитен кадар. Едноставно,  Сара Мејс одново вибрира, само сега на друга – „Фреквенција“! 

Како сето тоа изгледа и звучи, проследете од видеото во продолжение откако ќе кликнете и успеете да се најдете со Сара Мејс на иста “Фреквенција“.

To top