Радио Милева искусна позерка

Сара Мејс „исцедена“: Пејачката во бикини никогаш посекси – ослабена и соврешено градена (фото)

Сара Мејс „исцедена“: Пејачката во бикини никогаш посекси – ослабена и соврешено градена (фото)

Сара Мејс периодов е турбо активна, ако всушност и постои период кога таа е во сосема спротивната фаза.

Предана на работата, семејството, музичката кариера како соло пејачка, а од пред неколку месеци и како модел за еден познат бренд за долна облека.

Изработи неколку фотосесии досега, па иако беше во постпартум период по породувањето со синчето Кирил, Сара без комплекси застана пред објективот и совршено си ја заврши работата.

Мама Сара деновиве ја објави својата нова песна насловена „Фреквенција“, трча по интервјуа во медиуми, но има време и да да позира за нова колекција костими за капње.

А бидејќи е турбо активна, јасно е како толку брзо ја доведе фигурата до совршенство, па сега може да се каже дека изгледа подобро од кога било. Рамен стомак, тенки нозе и струк кои не поминуваат незабележано.

Во дворот од својот дом во скопска Пинтија, Сара позираше во тегет- бело бикини, а и едноделен костим од истата линија кои совршено го истакнаа нејзниниот сексапил, нагласувајќи дека ќе следат уште фотографии.

Од приложеното може да се забележи видно ослабената пејачка која стана и искусна позерка.

Сара едноставно нема проблемм да „вибрира“ на секоја фреквенција, а резултатот јасно видлив!

фото:Фејсбук/Инстаграм/Сара Мејс/Мартин Трајановски

To top