Промотер

Сара Мејс и Принц имаат ново… – „Копито“ (ВИДЕО)

Сара Мејс и Принц имаат ново… – „Копито“ (ВИДЕО)

По паузата заради оставрувањето на мајчинството, Сара Костадиновска, попозната како Сара Мејс се враќа на сцената. По албумот „Floating Through Space With Sarah Mace“, пејачката се појавува како дел од новиот проект кој ќе биде насловен „Femme Fatale“, а како пилот сингл кој му претходи на материјалот е темата „Копито“. 

Сара ја продолжува соработката со Александар Ристовски Принц, кој е автор на музиката и режисер на интересното необично видео.

Темата „Копито“ и инспиративно и музички во многу што потсетува на творештвото и на овој нашиот Принц и на опусот на неговиот идол – покојната светска музичка легенда, а Сара Мејс совршено се вклопува како во акустичното, така и во визуелното „креативно лудило“ на авторот.

Уште на сето тоа ако се додаде дека музички ритам секцијата е засилена со Ѓоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани (обајцата од Влатко Стефановски трио), впечатокот е ем комплетен, ем музички разорен.

Шареноликото видео е снимано во аква-паркот во Скопје, во кое покрај пејачката и неколкуте статисти,  се појавува и самиот автор – Принц на гитара.

Како изгледа и звучи ова музичко „Копито“, проследете во продолжение.

 

To top