Второродената љубов на Сара Мејс и Димитар Атанасовски, бебенцето Кирил наполни една година.
Како да беше вчера кога Сара од роденденска прослава директно замина на породување кога набрзо потоа се роди Кирил, а мама се уште беше дури со шминка.
Сега бебето кое ги направи среќни и горди после дада Илина, е потпораснато, во фаза на проодување и со неколку запчиња кои го прават неодолив.
За малиот шармер мама и тато приредија роденденска прослава во семејниот дом во Пинтија каде беа поканети сите што им се драги.
Разбирливо, членовите на семејствата главни и прва рака за се’, па дури и во забавата каде беа главните ѕвезди на вечерта.
Дедо Тони и дедо Љупчо ја донесоа атмосферата на ниво кога помнесени од радост се впуштија во танц и тоа заеднички.
Овој момент не се пропшташе да се сними со видео кое Сара го објави по неколкуте серија фотографии на својот Инстаграм.
View this post on Instagram
-Ѕвездите на вечерта, а богами и во животов: дедовците !Не е Кирил весељак туку така, си влече не од една, а од двете страни, напиша Сара во описот, а со тоа даде до знаење дека и двајцата дедовци се навистина посебни, па и слични по енергијата што ја носат.
Весели и позитивни имаат што да го научат внукот, за кој мама Сара вели дека е баш на нив бидејќи нели крвта не е вода.
Среќен роденден и уште многу години вака разиграни дедовци!
фото:Инстаграм принтскрин/Сара Мејс