Пејачката Сара Мејс ужива во семејната идила со сопругот, водителот Димитар Атанасовски и нивните наследници, ќеркичка Илина и синчето Кирил кое го добија неодамна.
Сара и Диме деновиве прославија петгодишнина од бракот и четврти роденден на Илина.
Парот често е активен на социјалните мрежи, па не е резервиран и знае редовно да објавува заеднички фотографии покажувајќи како го поминуваат времето заедно.
View this post on Instagram
Да се биде родител, сопружник, животен сопатник и пријател истовремено, не е воопшто лесно, дури и кога љубовта е присутна.
Сара и Димитар сега со две деца плус имаат дополнтелно обврски, но веројатно поучени и искусни сега функционираат на поинакво ниво.
Мама Сара дури е „луда“ од љубов по Димитар и неговите дела и постапки.
Двајцата организирано и посветено фунционираат со одгледување на децата и негување на нивниот брачен однос.
Таа во најновите објави каде Димитар готви ручек не случајно ја објави песната „Crazy in love“ од Бијонсе додека тој е зафатен со готвење и чување на ќерката.
Секоја жена би била среќна и горда покрај ваков партнер, а тоа кај Сара е евидентно.
Меѓутоа, пред една година Сара во „Жешко столче“ откри дека еден период нејзиниот брак бил во криза, односно тоа се случило по раѓањето на нивната ќерка Илина кога кажа:
„Не ни одеше. Првпат јавно кажувам. Имавме една брачна криза, тоа беше лани до ова време. Неколку месеци беше тешко, беше да се биде или не. После една година не можам точно да се сетам да го детектирам проблемот, но ни беше голема промена моментот кога станавме родители. Ние бевме научени да бидеме 24/7 на работа и со пријатели. И двајцата работиме повеќе работи, улогата да бидеме родители плус ни дојде повеќе, не ни беше јасно, бевме збунети. Кога си во длабока љубов и сакаш да имаш дете, се тоа е прекрасно, но не знаеш што те чека кога ќе дојде тоа дете на ред. Детето станува преоритет“, вели Сара и додаде:
View this post on Instagram
„Многу сум благодарна за се’ што ми се случи затоа што многу научив. Научив како да ми е поубаво на самата себе, како да е поубаво на моето семејство. Како да ги разбирам другите“, вели пејачката.
Приказната сега е на друго ниво, двајцата „луди“ од љубов, поискусни, поучени од животот и благословени од Бога со две чеда кои им се инспирација и поттик за се’да биде поубаво.