Поминаа речиси три месеци откако познатата двојка Сара Мејс и Димитар Атанасовски ја добија ќеркичката Илина која расте во прегратките на мама и тато.
Многумина знаат да кажат дека добивањето деца ја убива возбудата во бракот или во најмала рака дека односот со партнерот не е како поранано.
Сепак, дека оваа ситуација е индивидуална, докажаа Сара и Димитар кои и преед да се роди Илина беа авантуристи кои сакаат да патуваат и да откриваат нови места, како во семјава, така и надвор.
Во денови кога во Скопје едвај се дише од загадениот воздух, тазе родителите решија да излезат од дома и тоа на врв на Водно, да наполнат гради и секако да поуживаат во ноќната романтика на осветленото Скопје кое за среќа имаа можност да го видат.
-Со брачниот другар на излет, напиша пејачката во описот на панорамата од градот која ја објави на Инстаграм.
Диме и Сара се големи љубители на снегот, скијањето и бордањето на планина, па веруваме дека годинава на зимување ќе бидат во проширен состав покажувајќи и ги на Илина убавините во кои уживаат мама и тато.