Високите температури достигнуваат и до 40 степени, а метреолозите најавуваат нов топлотен бран.
Познатите од музичката сцена, кои повеќе од една година не работеа поради пандемијата со коронавирусот, како да чекаа да дојде лето за да заминат некаде на одмор, сончање, да уживаат и пливаат кој на домашен терен, кој на некоја егозтична дестинација каде е вистински мерак за релаксација.
Некои од нив спас од пеколните горештини бараат или во вода на плажа, базен или дома под клима.
Некои се во Охрид, Дојран, Албанија, Турција, Грција, Црна Гора…..
Македонската позната двојка, пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски заедно со ќерката Илина веќе неколку дена уживаат на одмор во Египет.
Тие речиси секојдневно на социјалните мрежи објавуваат фотографии од тоа како си поминуваат на одмор, несебично споделувајќи со своите следбеници како уживаа во водените лудории.
„Одмор ураааааааа“, напиша пејачката покрај првата фотографија.
Нема ден да не објават како си поминуваат, како уживаат во тропските горештини, но и во друштво еден на друг.
-Денешниов ден ми беше еден од најубавите во животов мој…. Немам зборови колку беше убав……и денов и моиве двајца ❤️❤️ и луѓево тука и работите што ги видовме и нештата што ги искусивме….. приказна …..Ги гледам видеава и сликиве сега и си викам е ај што да шернам?“, напиша пејачката покрај објава на која сподлеи неколку фотографии од одмор и како нурка во вода,, па глетка е ратка, но слатка.
View this post on Instagram
Меѓутоа, Сара посебно внимание привлече со последната фотографија на која позира во бикини и на која го покажа своето згодно тело на кои многумина може да и позавидат млади колешки.
Имено, пејачката објави фотографија на која позира во бело бикини и го истакна своите облини, во прв план се нејзините стомачни и затегнато тело.
Потоа, пејачката позираше свртена со грб, па во прв план наместо предницата беше нејзината з*дница.
Со оваа објава таа предизвика лавина од коментари, а некои од следбениците и порачаа дека изгледа совршено.
„ Сум заборавила како изгледаат нормални неизботоксирани убави жени“, „Многу си убава, откачена, уникатна, природна“, „Презгодна мамичка“ се само некои од коментарите кои може да се прочитаат под фотографиите.