Македонската поп пејачка и харфистка Сара Мејс редовно истакнува дека децата секогаш се во преден план за неа и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски.
Според фотографиите на социјалните мрежи каде е активна од утро до мрак, таа дефинитивно го пронашла својот мир во семејството и ни малку не ја сокрива среќата од јавноста.
Па така, Сара но и Димитар често на друштвените мрежи објавувааат фотографии на кои во главниот фокус се нивните две дечиња, Илина и Кирил.
Но, овој пат пејачката сподели момент од нивното секојдневие со кое ги „стопи“ но и ги изненади сите фанови, откако покажа со што си игра помалото синче додека седел пред топлиот камин.
Имено, Сара „крена раце“ на слаткото кратко видеа со кое покажа на што Кирил го потрошил поголемиот дел од времето, откако решил да ги испита сите домашни работи и оние забранетите, речиси што не се за малите.
Но, со цел да го зачуваат домашниот мир, се чини малку и му дозволиле, бидејќи сепак она што е строго забрането секогаш е најинтересно.
Повеќе од сигурно е дека нивниот наследник добро се забавувал додека ги фатил во раце лопатката, метличката и машата, имитирајќи ги неговите родители кои веројатно ги забележал како тие ги употребуваат.
Подоцна, истото го сподели и Димитар кој пак само остави зачуден емотикон:
Инаку, Сара Мејс неодамна му ја посвети најновата песна „Очи Вселена“ токму на Кирил и како што кажа не е праведно бидејќи за едно веќе има, за другото да нема.
„Песнава ја напишав и ја посветив на мојот син Кирил. Не знам што би можела повеќе да кажам за оваа песна, многу е посебна за мене, верувам дека таква и ќе остане засекогаш во моето срце…Премногу емоции, премногу среќа, премногу светлина донесе тоа дете во нашите животи. Како да ја збогати цела домашна атмосфера од кога се роди, со еден уште попозитивен flow. Морав да го овековечам со песна. Не би било реално и правилно во мојов свет ако не се случеше. Кирил е делчето од слагалицата што ме направи целосна и комплетна. И не само мене, туку цело семејство.
И Илина си доби братче и Димитар си доби син. Песна за Илина имам напишано, “Бакар боја”, му должев една и на Кирил. Не може за едното мајка, за другото маќеа“ – изјави тогаш Сара.
Фото: Принтскрин/Instagram/sarahmace__/dimitaratanasovski_