Денот на жената за пејачката и харфистка Сара Мејс беше испланиран со полна агенда за тоа како да си направи мерак за себе.
Имено, таа се одлучи за осми Март да се истетовира и на некој начин да го обележи денот како што таа сака.
Изборот падна на глуварче кое Сара се одлучи да го стави на впечатливо, односно видливо место – надворешниот дел од дланката.
Процесот на тетовирање го објави на својот Инстаграм, потоа следеше и фотографија со финалното дело.
Кога си замина од татустудиото наздрави за Денот на жената честитајќи им на сите припаднички на понежниот пол.