Пејачката Сања Вучиќ не го променила својот изглед од моментот кога стана позната на јавноста, па до денес. Меѓутоа, сега решила да направи трансформација. Имено, поранешната членка на групата „Хурикејн“, ја обои својата долга, црна коса во модерна црвена нијанса која ги полуде дамите ширум светот.
View this post on Instagram
Нејзините нови фотографии предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи, а коментарите на воодушевените обожаватели продолжуваат да се нижат. Раперот Стефан Цвијовиќ Цвија меѓу првите го пофали нејзиниот изглед, а по неа беше нејзината колешка Маријана Микиќ.
– Топ изгледаш! Убавина! Убава жена! Кукла! – се само дел од коментарите кои се најдоа под една од фотографиите на Сања, додека некои коментираа дека таа ја копирала Ксенија Кнежевиќ.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм