Пејачот Сергеј Пајиќ (19), поранешниот учесник на „Пинкови ѕвездички“, неодамна ја шокираше јавноста со изјавата дека е интимен со неколку дами од јавната сцена, а сега на оваа тема повторно проговори.
– Не можам да зборувам за тоа… Можам да зборувам за Ема Радујко, Ана Кориќ, но не би сакал баш да зборувам за Сања Вучиќ. Кажав се, не мора да зборувам за ништо… Зошто уште повеќе да ја „цедам“ таа информација, кога кажав што имам? Не реков дека сум бил со трите. Комбинација? Па, се дружевме, тоа е тоа… Пеевме, ништо повеќе… (смеа) И така – рече во негов стил, не сакајќи да открие повеќе детали.
Пајиќ ја коментираше и приказната дека станал татко, односно дека има дете со тиктокерката Сандра Дидие.
– Моментално сум соло. Сега не си дозволувам да се заљубам. Фокусиран сум на музика и теретана. Не бев разочаран во мојата последна врска, само сакам да работам на себе. И нема да станам татко, ниту станав, ниту ќе станам – истакна тој.
Фото: Принтскрин/Инстаграм